Search

Вучиќ: Нека ги укинат таксите па нека испратат на разговори кого сакаат

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека за постигнување компромис со Приштина потребни се многу енергија, труд и желба, па да се жртвуваат и сопствените кариери за да се обезбеди иднината на децата. Тој, сепак, изрази сомнеж дека и косовските претставници го сакаат истото.

Говорејќи за изборот на новиот косовски тим во преговорите и можноста да продолжи дијалогот со Приштина, Вучиќ повтори дека предуслов за тоа е укинувањето на таксите.

„Нека ги укинат таксите, па нека испратат на разговори кого сакаат“, рече Вучиќ.

Гостувајќи во телевизијата „Пинк“, Вучиќ рече дека некои од надвор, а можеби и од внатре, направиле веќе да не се говори за тешката положба на косовските Срби, кои никогаш не биле во потешка ситуација, како ни за таксите што Приштина ги зголеми на 100 проценти.

Треба да знаете
Последни објави