Search

Вучиќ: Неделава со „Фолксваген“ ќе разговарам за инвестиција, протестите праќаат лоша порака

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека протестите во Белград испраќаат лоша порака кога станува збор за борбата за големата инвестиција на „Фолксваген“, но дека ќе продолжи да се бори и дека најверојатно веќе неделава ќе има контакти со компанија, пренесува „Танјуг“.

„Тие (опозицијата) работат директно против интересите на Србија и инвестициите. Ова се чудни пораки за сите, за инвеститорите, но ние ќе продолжиме да се бориме“, реќе Вучиќ како гостин на „Пинк“.

Тој вели дека Србија сепак е посилна, постабилна и подобра земја за „Фолксваген“ отколку сите останати кои се заинтересирани.

„Тоа се наши пријателски земји кои се заинтересирани за оваа инвестиција Турција, Романија, Бугарија и уште една земја“, кажа српскиот претседател.

Тој нагласи дека вкупно пет земји од регионот се борат за отворање фабрика на „Фолксваген“ на нивна територија.

„До крајот на неделата можеби ќе имам некои контакти со нив, па ќе видиме“, додаде Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави