Search

Вучиќ: На Путин секогаш му ја кажувам вистината, дури и кога тоа не му се допаѓа

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за ТАСС, рекол дека Владимир Путин е лидер на голема земја, а тој на мала, но дека рускиот претседател секогаш покажува почит кон Србија.

Србија е верен партнер на Русија, рекол Вучиќ во интервјуто, во пресрет на утршната посета на рускиот претседател на Белград.

„Јас тоа го мислам, тоа го правам, не лажам, можеби на некого не му се допаѓаат моите зборови, но мислам дека сме верен партнер на Русија. Кога ќе му го кажам тоа на претседателот Путин, тогаш ние тоа и ќе го направиме“ рекол Вучиќ.

„И кога ќе им кажам на Вашингтон и на Брисел дека не сакаме да ѝ воведеме санкции на Русија, тоа е вистина и тоа е фер“ нагласил српскиот претседател.

Вучиќ рекол дека рускиот претседател е многу популарен во Србија и дека голем број луѓе, кои со години сакаат да го видат, ќе се соберат само за да го видат.

Треба да знаете
Последни објави