Search

Вучиќ: Косово и неговите спонзори-САД, Британија и Германија денес покажаа дека не сакаат правда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста ги обвини САД, Британија и Германија дека со нивна подршка Косово по долгогодишни закани нелегално ја формирала таканаречената војска на Косово.

-Сѐ што направија Албанците направија спротивно на нормите на јавното право и на сопствениот највисок правен акт уставот и покажаа, како и нивните заштитници и спонзори, дека не им е до почитувањето на правото и правдата туку сакаат спроведување на сирова сила, напади врз Србите и нескриен напад врз Србија. Ние сакавме мир, вложивме многу напор да ја сочуваме стабилноста на регинот, што не беше лесно. Токму затоа го прифативме Бриселскиот договор како документ на кој че се повикувама, бидејќи другата страна нема да го почитува, рече Вучиќ.

Вучиќ потенцираше дека Косово никогаш не било за компромис и дека зад се што прават стојат САД, Британија и Германија, како и дека е создадена атмосфера оти е добро да се гази и руши Србија, како и дека ѝ се префрла за тоа што со мирна и демократска политика се трудела да ги заштити своите државни и национални интереси.

Потсети дека често им се замерувало дека, наводно спротивно на дијалогот за нормализација на односите, се залагале за повлекувањето на признавањата на независно Косово од одделни земји кои го признале.

-Велат дека тоа не е во духот на дијалогот и дека не треба да се прави, а заборавија да кажат дека додека го водевме дијалогот дури 19 земји ја признаа независноста на Косово, а потоа им пречи кога 12 земји ќе го повлечат признавањето, кажа Вучиќ.

На Приштина, како што кажа, ни ден денес не ѝ паѓа на памет да изврши формирање на Зедницата на српски општини.

-Но, да се гази и руши Србија е добро, бидејќи Србија изгледа треба да учествува како „пиле што само оди на колење“ па така секој може да ја заколе, заклучи српскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави