Search

Вучиќ и Пленковиќ се сретнаа во Давос: Неопходни се напори за решавање на отворените прашања

Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретнаа во Давос, каде што учествуваат на годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Претседателот на Србија на својот Инстаграм профил објави фотографија со следнава опис:

-Многу коректен разговор за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да напредуваме и на економски и на политички односи“.

Хрватскиот премиер по средбата со претседателот Вучиќ рече дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

-За време на Светскиот економски форум во Давос, разговарав со претседателот на Србија, Вучиќ, за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Заедно со политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се направат дополнителни напори за решавање на отворените прашања, напиша Пленковиќ на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави