Search

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на работите на модернизација на пругата Суботица-Сегедин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваа денеска во Хоргош на церемонија по повод почеток на работите за реконструкција и модернизација на пругата Суботица – Хоргош – граница со Унгарија (Сегедин).

-Пругата од Суботица до Сегедин ќе биде поврзана со брзата пруга од Белград до Будимпешта, најави Вучиќ, изразувајќи уверување дека може да се договори заедничко име за неа, да има српско име и унгарско презиме, или обратно.

Орбан нагласи дека неговата земја сака да ја види Србија како полноправна членка на Европската унија, бидејќи таму и е местото и „шенген -границата” од Унгарија да се помести кон југ, и српските граѓани без пасоши да влегуваат во Унгарија и понатаму во Европа .

-Србија е порта за Балканот и е подготвена да влезе во ЕУ со години, изјави Орбан.

Вредноста на договорот за реконструкција и модернизација на пругата од Суботица до границата со Унгарија изнесува 10,2 милијарди динари, а завршувањето на работите се очекува кон средината на ноември 2022 година.

Договорот предвидува реконструкција на пругата долга 26,63 километри за брзина до 120 километри на час и нејзина електрификација.

Треба да знаете
Последни објави