Search

Вучиќ: Државата три месеци ќе им обезбеди минимална плата на фризери, пекари, чевлари…

Српскиот претседател Александар Вуќиќ, за утре најави дека ќе соопшти нов пакет мерки со кои државата ќе им помогне на фирмите и граѓаните да ја пребродат корона-кризата. Во тие мерки спаѓа и исплата на минимална плата во наредните три месеци за сите претприемачи, микро и мали претпријатија.

-На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните фирми ќе им го платиме минималецот. Фризерот сега не може да заработи пари, но ќе има да исплати минимална плата и за себе и за неговиот вработен. Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но на оваа помош може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10 отсто од вработените, порача Вучиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, Вучиќ додал дека ЕУ и ММФ рекле дека во овој момент износот на буџетскиот дефицит и на јавниот долг не се проблем, но сепак ќе гледа долгот да не надмине 60 отсто во однос на српскиот БДП.

Една од мерките е и помош за големите и средни компаниии е преку корпоративни обврзници.

-Зборуваме за пекет од 5 милијарди евра. Има три начини на кои можат да се обезбедат средствата – едно се внатрешните буџетски резерви, потоа задолжување на домашниот пазар на хартии од вредност и трето на меѓународниот пазар. Се консултираме со ММФ. Размислуваме и за тоа на секој возрасен граѓанин во Србија да му дадеме по 100 евра, што е вкупно 520 милиони евра. Тоа би била еднократна помош, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави