Search

Вучиќ во Париз: Косово не може да стане член на УНЕСКО

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по обраќањето на 40. конференција на УНЕСКО во Париз, рече дека Косово не може да стане член на таа меѓународна организација, пренесува „Спутник“.

„Имаме добри односи со УНЕСКО и не постои никаков страв дека некој би можел да го наруши поредокот во кој само меѓународно признати земји се членки на УНЕСКО. Тоа значи дека сум уверен оти Косово не може да стане член и дека Србија во оваа многу значајна организација секогаш во иднина ќе успева да ги одбрани своите интереси“, рече Вучиќ.

УНЕСКО, според него, повторно е организација што сите ја почитуваат, што се гледа и по огромниот одѕив на земјите на оваа конференција. Тој наведе дека Србите знаат оти УНЕСКО е важена за заштита на културно-историските споменици на Косово и значајна за развојот на образованието поради своите планови, стратегии и програми.

Според Вучиќ, учестото на оваа конференција била уште една можност Србија да го заштити територијалниот интегритет и да предупреди за загрозеноста на нејзиното културно наследство на Косово, кое е под заштита на УНЕСКО.

„Тоа културно наследство и не е од важност само за српскиот идентитет, туку и за цела Европа и светот“, нагласи тој, истакнувајќи дека мора да се почитува Повелбата на УНЕСКО.

Треба да знаете
Последни објави