Search

Вучиќ: Во Нови Пазар поранешни дилери ѝ скандираа на премиерката, ситуацијата се користи за политички поени

Министерството за здравство требаше да реагира порано во врска со состојбата во Нови Пазар, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Имаме голем број на заразени лица, што им донесе големи проблеми на здравствените работници. Потоа дојдоа сите други работи што одат заедно со тоа, политика, измислици… Сосема е јасно дека во Нови Пазар имаме добро опремена болница и покрај лагите што ги слушаме“, вели Вучиќ.

Како лаги ги оцени обвинувањата дека во болницата работат само 3 од 10 респиратори.

„Најлошо е кога поранешни дилери на дрога ѝ скандираат на премиерката. Уште 14 лица од Крагуевац беа испратени во Нови Пазар. Луѓето се загрижани, ние мора да се грижиме за нив“, рече тој, додавајќи дека Министерството за здравство требало да реагира порано и да се адаптира болница посебно за заболени од Ковид-19.

Како што рече српскиот претседател, најтешко му е кога нечија смрт се користи за собирање политички поени.

Вучиќ исто така најави дека наесен се очекува многу потешка ситуација заради коронавирусот.

„Ќе мора да се бориме со тоа, не можеме да ја затвориме земјата, ќе мора да работиме за да можеме да живееме“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави