Search

Вучиќ: Ако Приштина не се вразуми, последиците ќе бидат катастрофални

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека најавеното формирање на војската на Косово и неукинувањето на царините за стока од Србија ќе имаат катастрофални последици, ако Приштина не се вразуми во најкраток можен рок.

Тој на конференција за новинари во Белград рече дека утре ќе разговара со претставниците на Русија, Кина и САД и дека можеби ќе побара и седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе се разговара за ситуацијата на Косово и Метохија. Тој повтори дека Србија нема да се согласи на уцени од Приштина и дека никогаш нема да го признае Косово како независна држава.

Треба да знаете
Последни објави