Search

Вулкан на Филипините се заканува со експлозивна ерупција

Филипинските власти побараа целосна евакуација на речиси еден милион луѓе во близина на главниот град Манила, откако вулкан почна да исфрла пепел во височина од 14 километри, предупредувајќи дека постои можност од „експлозивна ерупција”.

Вулканот Tал, еден од најактивните во земјата, почна да исфрла лава и постојано се активира, што е евентуална најава за поголема и поопасна ерупција.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија го зголеми нивото на предупредување на четири степени, што значи дека може да дојде до „експлозивна ерупција” во следните часови или денови.

Владата времено прекина со работа, а училиштата се затворени во повеќе градови, поради ризик по здравјето од вулканскиот пепел. Откажани се и стотици авионски летови.

Треба да знаете
Последни објави