Search

Вулканот на Нов Зеланд е се уште активен, одложена потрагата по жртвите

Вулканот на Нов Зеланд утрово исфрлил уште пареа и лава во пораст на геотермална активност. Тоа повторно ја одложи потрагата по телата на жртвите од смртоносната ерупција, која се случи пред два дена на Белиот остров.

Вулканските активности утрово пораснаа, пропратени со исфрлање на уште пареа и лава, какви досега не се видени од ерупцијата во 2016 година, соопшти агенцијата за сеизмолошки следења „ГеоНет“.

„Ги толкуваме овие сигнали како доказ на постојано висок притисок на гас внатре во вулканот“ наведува агенцијата, додавајќи дека ситуацијата и натаму е неизвесна во поглед на идните активности и дека е многу веројатно дека во следните 24 часа да дојде до уште ерупции.

Треба да знаете
Последни објави