Search

Вулин: Антисрпската политика се пресели од Хрватска во Црна Гора

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, потврди дека црногорските власти не ѝ дозволиле на воената делегација што ја предводел да влезе во униформи на Војската на Србија во Црна Гора, кадешто на локалните гробишта во Ровци, Колашин, му беше оддадена почит на некогашниот министер за одбрана на СР Југославија, Павле Булатовиќ, кој беше убиен во атентат во 2000 година во Белград, пренесува хрватски „Индекс“.

„Се што се случува во Хрватска порано или подоцна се случува и во Црна Гора. Така и во Хрватска им забрануваа на нашите кадети да дојдат во униформи за да им оддадат почит на жртвите во Јасеновац, а еве дочекавме и во Црна Гора спрската униформа да се смета за закана. За жал, историјата не учи дека е така“, рече Вулин.

Тој алудираше на забраната од хрватските власти за делегацијара на српското Министерство за одбрана и Војската на Србија, надвор од сите вообичаени процедури, во септември 2019 одина да присуствуваат да одбележувањето на новомачениците од Јасеновац во манастирот Свети Јован Крстител во Јасеновац.

Треба да знаете
Последни објави