Search

Втор удар од КОВИД-19 врз Роналдо

Пандемијата на коронавирус силно ја погоди хотелската дејност на Кристијано Роналдо. Откако се зарази и изолираше две недели, петкратниот добитник на „Златната топка” сега мораше да чуе уште една лоша вест. А тоа е дека ќе биде принуден да ги затвори двата хотели во Португалија затоа што има пад на резервациите за 80 отсто поради пандемијата.

Еден од нив е во неговиот роден Фуншал на островот Мадеира, а другиот е во главниот град Лисабон.

Како што е познато, ланецот на Роналдо се вика PestanaCR7 и има хотели во Мадрид, Њујорк и Маракеш.

Колегите на Роналдо во туристичката индустрија веќе се пожалија дека се притиснати до ѕидот, претрпуваат огромни загуби и не можат да си дозволат да трошат на нешто што не им носи профит.

Треба да знаете
Последни објави