Search

Втор пораз на МЗТ во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа вториот пораз сезонава во регионалната АБА 2 лига. Македонскиот шампион беше поразен од Хелиос санс во Домжале со 76:78, и сега има пет победи и два порази по седум кола.

„Металците” по изедначеното прво полувреме, одиграа многу лошо во третиот период, кога се најдоа во негатива од 13 поени разлика, но го надоместија минусот и влегоа во изедначена завршница, во која домашните беа поснаодливи и посреќни.

Бекот Џабари Хиндс кој ги врати аеродромци во живот, можеше да биде јунак на МЗТ, но промаши шут за два поени на 7 секунди до крајот, при водство на Хелиос од еден поен разлика. Следниот настап на МЗТ во втората АБА лига е на 21 ноември во „Јане Сандански” против босанскиот Широки,

Треба да знаете
Последни објави