Search

Врховниот суд на Гибралтар нареди ослободување на иранскиот танкер „Грејс 1″

Врховниот суд на Гибралтар денеска нареди ослободување на иранскиот танкер со нафта „Грејс 1″ што пред повеќе од еден месец беше запленет во меѓународните води од страна на британската морнарица, јави весникот „Гибралтар хроникл”, пренесе ДПА.

Британските сили на 4 јули помогнаа во запленувањето на танкерот „Грејс 1″, надвор од Гибралтар, тврдејќи дека бродот носел нафта за Сирија, со што ги прекршил санкциите на ЕУ.

Бродот требаше да биде ослободен денеска, но САД во последен момент, наводно, побарале од владата на Гибралтар да не го ослободува.

Откако танкерот привремено беше запленет Иран одговори со запленување во Ормутскиот теснец на танкерите „Стена Имперо”, што пловеше под британско знаме, и „МТ Риах” што пловеше под панамско знаме.

Треба да знаете
Последни објави