Search

Врховниот командант на силите на НАТО за Европа денеска во Косово

Врховниот командант на НАТО за Европа и командант на европската команда на американските сили, генералот Тод Д. Волтерс денеска ќе престојува во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти косовското Министерство за одбрана, Волтерс претпладнево ќе биде примен од министерот Рустем Бериша, а потоа ќе се сретне и со командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), генералот Рахман Рама.

Генералот Волтерс во Приштина доаѓа по посетата на Србија, каде што вчера, меѓу другото, имаше средба и со претседателот Александар Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави