Search

Врховна рада усвои законска процедура за отповикување на шефот на државата

Парламентот на Украина денеска усвои закон со кој се прецизира процедурата за отповикување на шефот на државата.

Со одлуката на Врховната рада се реализира предизборното ветување на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.

Зеленски и неговите сојузници имаат мнозинство во Парламентот по вонредните избори одржани во текот на летото.

Опозицијата минатата година сакаше да го смени поранешниот претседател Петро Порошенко, но за тоа не постоеше законска процедура.

Треба да знаете
Последни објави