Search

Врховен суд се уште не го испратил решението за Јанкуловска до Кривичен

Врховниот суд се уште не ги испратил до Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и за останатите двајца осудени во овој случај за набавката на „мерцедесот“, Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

Вршителот на должноста претседател на Врховен суд, Фаик Арслани, за МИА изјави денеска дека се уште се работи на предметот, бидејќи е комплексен случај.

-Има повеќе вонредни правни лекови и треба поопширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Да бидеме трпеливи неколку дена“, вели Арслани за МИА.

Врховниот суд минатата недела ја потврди пресудата за набавката на блиндираниот мерцедес, според која Јанкулоска треба наскоро да замине на отслужување на казната. Одлуката на Врховен доаѓа една година и три месеци откако, по барање на Јанкулоска, највисокиот суд одлучи таа да не оди во затвор се додека не се преиспита правосилната пресуда на Апелациониот суд во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави