Search

Врие по комитетите на ВМРО ДПМНЕ, се бара одговорност од Мицкоски-им бега членството во Левица и другите партии?

Врие по комитетите на ВМРО ДПМНЕ, особено на локално ниво, каде националистички настроеното и тврдо членство и симпатизери на опозициската ВМРО ДПМНЕ се разочарани од неумешноста на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се спротистави на политиките на власта и да обезбеди она што го ветуваше – а тоа се предвремени избори, раскинување на Преспанскиот договор, нов попис, расчистување со ДУИ…, пишува Вестиплус.мк.

Сознанијата на Vestiplus.mk велат дека се работи за сериозна бројка на симпатизери на ВМРО ДПМНЕ која преминува во Левица, членство кое за себе вели дека се разочарани од одлуките на високи функционери на ВМРО ДПМНЕ да го наречат Преспанскиот договор како завршена работа, да не направат речиси ништо при договорот со Бугарија и за крај да останат изманипулирани дека наскоро ќе има предвремени избори, фраза која веќе две години ја повторува Христијан Мицкоски.

Многумина од овие довчерашни членови на опозицијата му замеруваат на Мицкоски што постојано ги следи постапките на Апасиев, наместо тој да води, тој е воден од друг… затоа не ја бива работата, велат тие.

Од друга страна солидна бројка на членови кои пак сметаат дека единствен пат на Македонија е оној европскиот пат преминуваат во владејачките партии, особено во СДСМ. Некои веќе делуваат независно, а има такви кои се уште се во партијата и се на високи раководни функции, но негодуваат на анти-европското однесување на Мицкоски.

Му замеруваат што не се оградува од Никола Груевски кој ја влече партијата надолу, со оглед дека се работи за човек кој избегал од правдата, осуден е, но и уште му се суди. Згора на тоа е и на црната листа на САД.

Особено незадоволство има кај членовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ кои имаат бугарски пасоши, а велат дека се чувствуваат многу некомфорно во оваа ситуаицја, со оглед дека ВМРО ДПМНЕ начелно не прифаќа промена на уставот и влез на Бугарите во него и функционери на оваа партија прават дополнителни тензии со Бугарија без потреба, што на овие граѓани кои извадиле бугарски пасоши им создава дополнителни главоболки.

Особено, граѓаните со бугарски пасоши, биле во незавидна ситуација кога од нив било побарано да протестираат против договорот со Бугарија, а дел од членството на сите партии имаат и бугарски документи кои ги извадиле поради економски причини.

Превирањата во опозицијата на локално ниво се очекува да се засилат во следниот период, со оглед на неуспехот на опозицијата да се спротистави на власта на повеќе полиња, а притисокот ќе станува се поголем и врз градоначалниците, со оглед дека од нив се очекуваат резултати, кои засега ги нема.

ИМ ПАЃА РЕЈТИНГОТ
Последните истражувања за потребите на странско дипломатско претставништво покажало дека рејтингот на опозицијата драстично се руши, а причината се неуспешни градоначалници.

Се’ тргнало надолу откако Мицкоски се скарал со Стевчо Јакимовски, а капак на се бил и прекинот на соработката со Данела Арсовска.

Познавачите велат дека рејтингот на опозицијата дополително ќе се влошува

И додека на опозицијата рејтингот и паѓа, власта бележи позитивни резултати. Последните економски антикризни мерки, зголемувањето на пензиите и платите, како и минималецот добро им дојдоа на граѓаните…

Треба да знаете
Последни објави