Search

Врие од тигрести комарци во Скопје

Врие од тигрести комарци во Скопје. Во текот на вчерашниот ден двајца граѓани од две различни населби реагираа до редакцијата на 24 инфо со фотографии во прилог дека има инвазија од тигрести комарци. Надлежните потврдуваат дека тигрестиот комарец слета во Скопје, а со тоа и опасноста од зараза со нилска треска.

Жители на населбта Ченто и карпош реагираа до нашата редакција и со фотографии потврдија дека комарецот е присутен и дека има многу единки. Од пред неколку месеци и Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека на територијата на земјава е детектиран азиски-тигрест комарец.Од нивна страна се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните.

-Ова е веќе втор пат како наоѓам тигрест комарец. Ме фати паника бидејќи знам дека се преносители на нилска треска, а имам мало дете. Ми треба навистина објаснување за ова бидејќи надлежните прскаат против комарци, а нив ги има во изобилство- велат граѓаните.

Професорката по ентомологија на Факултетот за земјодлество и храна Станислава Лазаревска вели дека присуството на тигрестиот комарец е утврдено во Дојран и Скопје.

Лазаревска пак објаснува дека првата регистрација на тиграстиот комарец во земјава е во периодот јули-август, 2016 година во југо-источниот дел на земја во близина на Грција и со мониторинг утврдени се јајца од тигрестиот комарец.

– Близината со Р. Грција, каде што видот е широко распространет и интензивната размена на луѓе и стоки, било причина за внесување на истиот во земјава, вели Лазаревска. Појасни дека спецификата на комарецот е да се размножува и да живее на одредени температури и на одредена надморска височина.

Според информациите на Агенцијата овој вид комарец прв пат е детектиран во реонот на Богданци, а оваа година е проширен во Дојран и повеќе општини во Скопје.

– Мамките се поставени оваа година во речиси цела источна Македонија, и се продолжува во другиот дел од државата за да добиеме целосна слика за тоа дали е проширен и во другите краеви- велат од таму.

Надлежните велат дека нема регистрирано никакви случаи на инфекција, ниту заболување од овој тип комарец во земјава. Напоменуваат и дека будно се следи состојбата во регионот и во околните држави, како што се Србија, Бугарија, Грција, Албанија и други каде има регистрирано поголем број заболени лица, дури и смртни случаи.

Симптоми од убод од тигрест комарец се црвенило на кожата, оток, слабост, малаксаност, главоболка, тегоби, повишена температура, но сепак, потенцира, не значи дека се работи за убод од овој комарец. Превентива за населението при одење во шумски предели, во паркови, е мачкање на сите откриени површини, како и бела облека за да може да се забележи комарецот ако е на вас.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави