Search

Време е секој да плати за она за што е одговорен, цени бугарскиот обвинител

Време е секој да ја плати цената за она што го прави. Ние не гониме само богати луѓе, туку поентата е дека сите треба да ги исполнуваат своите обврски, изјави бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по акцијата во Комисијата за организирање игри на среќа и во канцелариите на бизнисменот Васил Божков.

Главниот обвинител е категоричен дека нема лични непријатели и оти не води лични битки. – Имаме принципиелни ставови за фундаменталните прашања поврзани со почитувањето на Законот. Јавното обвинителство и јавниот обвинител не се вклучуваат во лични битки. Нивна работа е да преземат акција за спроведување на законот. Обвинителството презема ваква постапка против сите лица, без оглед дали имаат милијарди, како што се осомничениот Цветан Василев и обвинетиот Божков. Ние не се воздржуваме да бараме кривична одговорност кога има докази против некого, без разлика каква позиција тие заземаат, коментира Гешев.

Инаку, пред почетокот на Седницата на Вишиот судски совет (ВСС) Гешев соопшти дека примил смс порака од кабинетот на претседателот Румен Радев.

– Не може главен обвинител да биде повикан преку СМС и од едно лице, веројатно истиот Митко на кого претседателот Радев веројатно му вели да ја запре проверката на Комисијата за спречување корупција во однос на неговата сопруга. Одговорот ми беше јасен, изјави генералниот Гешев, без да прецизира кога ја добил пораката или што пишувало во неа.

Инаку, тој вччера соопшти дека „имајќи го предвид строгото почитување на принципот на поделба на овластувањата, Обвинителството прекинува каков било контакт со Претседателството”, освен официјалната писмена коресподенција.

Прекинот на контактите ќе трае се до одлуката на Уставниот суд, кој треба да даде задолжително толкување на одредбата од член 103 од Уставот на Република Бугарија во врска со имунитетот на претседателот и потпретседателот. Причина за таквото решение е потребата да се избегнат какви било сомнежи и обиди да се влијае врз институцијата, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Бугарското Обвинителствот завчера објави дека утврдило голема веројатност за вмешаност во криминални активности на шефот на државата Румен Радев.

При извршената анализа пронајдени се податоци и докази „за висок степен на веројатност за вмешаност во кривична дејност, што е предмет на истрага, на лице кое врши висока државна должност – претседател на Република Бугарија, а идентификуваните евентуални кривични дела не се директно поврзани со извршувањето на неговата функција”, соопшти Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави