Search

Време е за солидарност и одговорност, во април и мај минимална плата за вработените во администрацијата за директорите и фунционерите

Во насока на подобро справување со економските последици на коронавирусот, СДСМ и претседателот Зоран Заев излегоа со сет мерки што ќе имаат за цел да ги ублажат негативните последици врз економијата.
Нашата држава е изградена на принципите на солидарност, меѓусебно помагање и почитување и водејќи се токму од овие принципи се и предлог пакетот економски мерки .
Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај.
Исто така, минимална плата и за  вработените во јавниот сектор, јавна администрација на државно и локално ниво за месеците април и мај. Оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот.Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност.
Целта е да се издржи два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да се дозволи крах на економијата и последици по сите.
Без надомест ќе работат претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции, затоа што ова не е време за екстра надоместоци.
При исплата на платите и надоместоците, заштедите кои ќе се постигнат, задолжително, сите јавни и државни субјекти ќе ги уплатат во таканаречен фонд за борба против Корона (Корона фонд) отворен во рамки на Буџетот на Владата од кој доминантно ќе се спроведува солидарноста кон граѓаните и стопанството.
За СДСМ секој работник е важен, секој човек е важен. Затоа е важно парите од буџетот да одат директно за помош на граѓаните, на што е можно повеќе категории, а прво кај најпогодените.
Сега е време на одговорност и солидароност. Затоа веруваме дека заедно можеме и ќе се справиме со овој вонреден проблем со кој се соочуваме. Заедно, солидарно, ќе си помогнеме едни на други, а државата ќе биде главен и најодговорен столб на кој ќе може да се потпрат сите погодени граѓани и компании од кризата.

 

Треба да знаете
Последни објави