Search

Време е за музика – Skopje Unplugged

Време е за музика, време е за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged -17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути попладне!

Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери.

Инзвонредните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода.

Уникатно доживување со лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1.5m .

Skopje Unplugged ќе покаже дека е возможно музиката спиритуално да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца.

На овогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот е целосно ставен на македонски изведувачи на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња

Овој фестивал е во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје, поддржан од Винарија Камник.

Поради запазување на протоколите и на мерките, картите се во строго ограничен број и истите можат да се купат на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=680

Треба да знаете
Последни објави