Search

Времето ќе биде облачно и ветровито, со слаб снег

Преку ноќта беше малку до умерено облачно, а изутринава е променливо облачно со умерен северен ветер. Во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Лазарополе има слабо провејување на снег.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно, во северозападните и северните делови со локален слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во петок ќе има слаби локални врнежи од снег. Во деновите од викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Треба да знаете
Последни објави