Search

Времен режим на сообраќај на ул.Востаничка

Од Град Скопје известуваат дека утре 19.09.2020 (сабота) и во недела на 20.09.2020 година, на ул.Востаничка, поради изведување на попречни прекопи од страна на Ј.П.Водовод и канализација, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Прекопите ќе се изведуваат во период од 07:30 до 16:30 часот и ќе го зафатат целиот профил на улица Востаничка, а возилата ќе се движат по околната сервисна улична мрежа, додека автобускиот превоз нема да се движи по улицата.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави