Search

Временска прогноза: Сончево, попладне со дожд, температура до 32 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а  дневната од 20 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.

Повремено облачност ќе се зголемува, а ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.

Треба да знаете
Последни објави