Search

Вреди да се прочита!: Овој старец им даде најмудар совет на сите луѓе кои сакаат да бидат среќни!

Го изгубивме системот на вредности и премногу обрнуваме внимание на некои маргинални работи, претежно материјални. Кои се вистинските вредности, нè потсети мудрец.

Ова е Лазар Прелиќ од српска Голија кој има 89 години.\На прашањето што е заедничко за сите луѓе во светот, овој старец вели:

– Бидејќи им е здодевно детството, брзаат да порастат, а потоа сакаат да бидат деца. Трошат здравје за да заработат пари, а потоа парите ги трошат за да го вратат здравјето. Што живеар како никогаш да не ќе умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.

Потоа им дава многу важна порака на младите.

– Да научат дека не можат да принудат никого да ги сака. Дека не е највредното тоа што го поседуваат, туку кои се тие во нивните животи. Да научат дека не е добро да се споредуваат себеси со другите. Дека не е богат човекот кој има најмногу, туку оној на кој најмалку му треба. Да научат дека само секунди се доволни за длабоко да повредат некој сакан, а потоа требаат години тоа да се лекува. Да сфатат дека има луѓе кои многу ги сакаат, но не знаат како тоа да го кажат или покажат. Да научат дека со пари може да се купи многу, освен среќа. Дека две лица можат да гледаат во истата работа и да ја видат поинаку. Да научат дека вистинскиот пријател е тој што ги знае сите твои маани, а сепак те сака – вели дедо Лазар.

Дали по овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали некаде грешиме? Дали ќе „повлечеме рачна“ и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Од нас зависи…

Треба да знаете
Последни објави