Search

Врвот на епидемијата до крајот на февруари, потоа ќе се намалува

Епидемијата на коронавирус би можела да достигне врв до крајот на февруари, по што ќе почне да опаѓа, изјави денеска главниот медицински советник на кинеската Влада.

Во интервју за „Ројтерс“, Џонг Нансан, водечки епидемиолог кој стана познат по својата улога во борбата против вирусот САРС во 2003 година, рече дека состојбата во одредени провинции во Кина веќе се подобрува и бројот на заразени се намалува.

„Веруваме дека епидемијата ќе го достигне врвот кон средината или крајот на февруари, дека ќе стагнира некое време, а потоа ќе почне да опаѓа“, рече Џонг.

Тој рече дека биле неопходни мерките во епицентарот на епидемијата, градот Вухан, кој е во карантин.

Тој процени дека Кина мора да ги подобри механизмите за контрола на ширење болести и да помогне во воспоставувањето на систем за рано предупредување за заразни болести.

Треба да знаете
Последни објави