Search

Враќањето на ДДВ кај граѓаните за промет од домашни производи се зголемува на 20 отсто

На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со што се создаде можност физичките лица кои дале согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

Оваа уредба е дополнета со одредба и заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги со што враќањето на ДДВ за промет на домашни производи и услуги се зголемува од 15% на 20%, а за останатиот промет враќањето на данокот се утврдува на 10% од пресметаниот ДДВ искажан во фискалната сметка.

Треба да знаете
Последни објави