Search

Вратен е креветот кој го украле роднините на починатиот во болницата во Струмица

Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.

Утрово околу 9 часот пациент бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност. Тој за 15 минути починал. Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.

Телото на починатиот е дома, кај нив, не се почитувани протоколите кои се пропишани во вакви ситуации. Не можеме да го земеме и да го вратиме назад. Случајот е пријавен во полиција, рече Гогов.

На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19. Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.

https://www.facebook.com/kanalvis/videos/378697993525759/?t=0

Треба да знаете
Последни објави