Search

Вработен во специјалниот завод во Демир Капија уапсен- бакнувал и допирал девојка згрижена во домот

СВР Велес соопшти дека вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен како допира и бакнува девојка згрижена во домот.

„На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Тој кажа дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.
Треба да знаете
Последни објави