Search

Вработен во продавница му го зел ножот на разбојникот кој избегал со парите

На 25.02.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на бул. „Борис Трајковски” едно лице со закана со нож од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Според пријавеното, лицето влегло во продавницата и во моментот кога вработениот не бил на касата почнало да вади пари. Кога вработениот го забележал, се обидел да го спречи, му го одзел ножот, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР информират и за ограбена аптека вчера во Ново лисиче.

-На 25.02.2020 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Февруарски Поход” во Скопје едно лице со закана со пиштол од вработената одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави