Search

Вработени во „Мајкрософт” против соработка со Армијата на САД

Околу 50 вработени во американскиот информатички гигнат „Мајкрософт” го повикаа раководството на компанијата да се откаже договорот со Армијата на САД за доставување на технологија за виртуелна реалност, јави Би-Би-Си.

Во отворено писмо до раководството на „Мајкрософт” вработените наведуваат дека слушалките и кацигата „Холо ленс” на компанијата „не би требало да се користат за убивање луѓе”.

„Мајкрософт” лани во ноември склучи договор со американската армија, вреден 479 милиони долари, за продажба на 100.000 парчиња од платформата „Холо ленс”, што би ги користеле припадниците на Вооружените сили на САД.

Вработените во писмото нагласуваат дека “Мајкрософт” треба да престане да учествува во активности кои ја зајакнуваат способноста на американската Армија да предизвика штета и насилство.

– Ние не сме се договарале да произведуваме оружје и сакаме точно да знаеме за што ќе се користат резултатите од нашата работа, се наведува во писмото..

Претставник на „Мајкрософт” изјави дека раководството на компанијата ќе го земе предвид мислењето на вработените.

– Секогаш сме ги цениле повратните информации и комуникацијата со нашите вработени и сакаме да знаат дека нивните ставови ќе бидат земени предвид, нагласи тој.

Платформата „Холо ленс”, што беше пуштена во продажба во март 2016 година, овозможува гледање на објекти и слики виртуално дизајнирани во реалниот свет.

Треба да знаете
Последни објави