Search

Вработените од „Еурокомпозит“ уште кампираат пред Влада

Десетина претствници на 153-цата работници прогласени за технолошки вишок на прилепски „Еурокомпозит” остануваат на протест пред Владата, иако претставници на Владата и претседателот на УО на „Еурокомпозит 11 октомври“ АД Прилеп, Тони Петрески, остварија средба со претставници на синдикатот на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата.

-Се согласуваме и очекуваме да се исполни најавата дека отпремнините за нас ќе се исплатат до петок или најдоцна в понеделник. Но, бараме конкретни рокови за исплатата на заостанатите плати и придонеси, ни изјави  претставникот на Иницијативниот одбор на работниците прогласени за технолошки вишок Пеце Велканоски.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави