Search

Вработените во „Порше“ добија бонус од речиси 10.000 евра

„Порше“ им подели рекордни бонуси на своите работници, секој добива скоро 10.000 евра.

Според seebiz.eu, покрај априлската плата, секој вработен во „Порше” ќе добие специјална награда од 9.700 евра. Наградата ќе биде исплатена во два дела: 9.000 евра за успешно работење на компанијата во 2018 година и 700 евра за уплата во пензискиот фонд каде што е осигуран работникот.

Се тврди дека, без оглед на различните плати на 25.000 работници, „Порше“ одлучи сите вработени подеднакво да ги награди, иако ќе се води сметка за должината на работното време и стажот на секој поединец. Така, „Порше“ ја продолжува традицијата на наградување на работниците, бидејќи за успех во 2017 година им беа доделени по 9.656 евра, а во 2016 година по 9.111 евра.

Покрај тоа, минатата година работниците добија еднократна награда од 356 евра по повод јубилејот – 70 години „Порше спортски автомобили”.

Порталот наведува дека во финансиската 2018 година овој производител ги зголемил испораките за четири отсто, на 256.255 возила, а прометот се зголемил за десет проценти, на 25,8 милијарди долари, додека оперативниот приход е зголемен за четири проценти, на 4,3 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави