Search

Вработениот од Кардиологија: Не знаев дека сум болен, никого свесно не сум заразил

Вработениот на Клиниката за кардиологија, за кој денеска беше објавено дека е позитивен на коронавирус до средата доаѓал редовно на работа, каде имале протокол за мерење температура на влезот на клиниката, објави „Фокус“.

Тој за „Фокус“ раскажа дека дури во средата му била измерена температура од 38 Целзиусови степени и веднаш бил пратен на дополнителни испитувања, меѓу кои и тестот за коронавирус што го добил позитивен утредента. 

-Никого свесно не сум загрозил. Не сум луд да го загрозам семејството, сопругата, дете, мајка.. Веројатно инкубацијата била од претходно. Во моментов сум изолиран целосно на 14 дена, а потоа ми е најавено ново тестирање, раскажува за „Фокус“.

Тој тврди дека ниту тој, ниту некој од неговото потесно семејство патувал во странство, воопшто и не знаел дека е носител на корона вирусот се додека не се појавила темературата на мерачот.

 

Треба да знаете
Последни објави