Search

Вработена во мал групен дом во Кавадарци позитивна на коронавирус

Една вработена во Мал групен дом во Кавадарци  е позитивна на коронавирус,поради што во изолација се две деца и тројца вработени. Во домот ќе биде извршена комплетна дезинфекција.

Во последните 24 часа се регистрирани нови девет случаи со коронавирус, шест во Кавадарци и три во Неготино. Тие се на возраст од 16 до 62 години, од двата пола. Некои имале симптоми, а некои не. Двајца претходно имале контакт со заболено лице, останатите не знаеле каде се заразиле. Се утврдуваат контактите на заболените, со цел нивна изолација.

Во Кавадарци е регистриран и трет случај на починато лице со коронавирус, во еден од случаите претходно стануваше збор за странски државјанин кој беше привремено во земјава. Во најновиот случај станува збор за 56 годишен кавадарчанец кој починал на приватна клиника во Скопје. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при ксвадаречкиот Центар за јавно здравје.

Треба да знаете
Последни објави