Search

Во ,,8 Септември” четворица симнати од респиратор, дел од заболениот персонал се врати на работа

Во градската општа болница ,,8 Септември” од почетокот на пандемијата до сега, симнати од респиратор се четворица пациенти со тешки компликации од коронавирусот, дознава ,,Слободен печат “.

Петмина пациенти, пак, биле екстубирани од таканаречена ,,СИПАП” маска, односно контролирана вентилација.

Директорот на болницата, доктор Кристијан Костов за ,,Слободен печат” изјави дека дел од персоналот на болницата кој беше заболен од коронавирусот е повторно на работните места по два негативни резултати.

Ноќеска во болницата биле примени деветмина пациенти, со тешки пневмонии. Утринава ќе бидат испишани десетмина кои ќе треба лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во Ковид центарот, како што дознаваме од официјални извори на болницата, изминатото деноноќие починале двајца пациенти, на возраст од 65 и 70 години.

 

Треба да знаете
Последни објави