Search

Во 2018 изречени повеќе прекршочни казни од СВР Велес на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино

Екипи на СВР Велес во текот на 2018 година  според Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата на територијата на Велес изрекле 4712 прекршочни казни на возачи за непрописно возење, а што е за цели 60 проценти повеќе споредено со претходната 2017 година информира за МИА,Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Екипи  на СВР Велес на подрачјето на Кавадарци лани изрекле  3100 казни согасно истиот закон, а што е цели 90 проценти повеќе од претходнатa 2017 година.

На подрачјето на Неготино екипи на СВР Велес од полициската станица во Неготино, лани изрекле 3444 казни согласно ЗБСП што е за 50 проценти повеќе споредено со 2017 година.

Или од СВР Велес  вкупно  во сите три општини Велес,Кавадарци и Неготино согласно ЗБСП лани биле изречени вкупно 11156  прекршочни казни на возачи за непрописно возење  што е за 67 проценти повеќе споредено со 2017 година.

-Зголемениот број прекршочни казни се должи на зголемените сообраќајни контроли во  од страна на полицијата  од една, но и пред се  поради зголемен процент на возачи кои не го почитувале  овој закон, односно не ги почитувале сообраќајните знаци и правила, појаснува Додевски.

Тој информира дека според  Законот за возила, лани на подрачјето на Велес биле изречени 596 прекршочни казни на возачи, што е за 18 проценти повеќе од 2017.

На подрачјето на Кавадарци согласно истиот закон лани  биле изречени 360 прекршочни казни што,  исто така, е за 18 процени повеќе од 2017, а  во Неготино биле изречени 581 прекршочни казни што е за 19 проценти повеќе од 2017 година.  Во сите три општини Велес,Кавадарци и Неготино, а  кои се на територијата на СВР Велес лани биле изречени вкупно 1537 прекршочни казни согласно Законот за возила што е за 18 проценти повеќе од 2017.

Како што појаснуваат од СВР Велес, овој Закон за возила се однесува на регистрацијата и техничката исправност на возилата.

-Затоа  согласно годишниот извештај може да се заклучи дека дел од  возачите од овие три региони на подрачјето на СВР Велес:  во Велес,Кавадарци и Неготино, во 2018   биле понесовесни во однос на овој закон  споредено со 2017, потенцира Додевски.

Како последица на непочитување на овој закон  во 2018  им биле изречени  и повеќе прекршочни казни,појаснува Додевски.

Треба да знаете
Последни објави