Search

Во 13 часот во Клубот на пратеници започнува лидерската средба

Во 13 часот во Клубот на пратеници започнува лидерската средба

Денеска во 13 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, ќе се одржи лидерска средба на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира лидерите на политичките партии и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, за последните детали од преговорите за името и за средбата во Софија со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

За време на неговата прес-конференција на Самитот на ЕУ во Софија, Заев рече дека предлогот што го предал до грчката страна бил прифатлив и за премиерот на Грција, Ципрас.

Во меѓувреме, лидерите на грчките опозициски партии ПАСОК и Нова Демократија, предлогот Република Илинденска Македонија, кој телефонски му бил откриен на опозицискиот лидер Мицотакис, од страна на премиерот Ципрас, го отфрлија со оценка дека името во себе содржело иридентистизам.

Треба да знаете
Последни објави