Search

Во Њујорк се отвора најголемата Хари Потер продавница во светотМозаик

Компанијата Ворнер Брос во Њујорк ќе ја отвори најголемата продавница во светот посветена на серијалот за Хари Потер.

Продавницата ќе биде отворена во текот на летото, лоцирана на Менхетен, на три ката со 1.900 квадратни метри површина, каде обожавателите на волшебниците ќе можат да пронајдат сè – од магични стапчиња, преку наметки до желе бонбони.

Сара Рутс од Ворнер Брос вели дека тоа ќе биде најголема продавница посветена на Хари Потер, а каде обожавателите ќе можат да направат и многу интересни фотографии.

Треба да знаете
Последни објави