Search

Во Јужноафриканската Република запленети 167 рогови од носорог

Двајца мажи биле уапсени во северозападниот дел од Јужноафриканската Република откако во нивиот автомобил биле пронајдени 167 рогови од носорог, објави полицијата.

Властите добиле дојава за значаен број  рогови и ги фатилe мажите.

Запленетите рогови биле наменети за пазарите во југоисточниот дел од Азила и имале голема парична вредност, истакна полицијата во земјата.

Меѓународната трговија со рогови од носорози е забранета во последните четири децении, но и понатаму се случува. Секоја година само во Јужноафриканската Република се убиваат илјадници носорози.

Треба да знаете
Последни објави