Search

Во Јужна Кореја помалку од 50 новозаразени, првпат од февруари

 Јужна Кореја пријави помалку од 50 новозаразени првпат по врвот на епидемијата кон крајот на февруари, а Светската здравствена организација ја пофали борбата против ширењето на болеста во една од првите тешко погодени земји.

Во Јужна Кореја има вкупно 10.284 заразени лица, починати се 191, а 6.598 се излекувани.

Јужна Кореја ја стави епидемијата под контрола, со околу 100 или помалку случаи на ден во текот на изминатиот месец, но ова е првпат од 29 февруари, бројот на новозаразени да биде помал од 50.

Како што пренесуваат странските агенции, во февруари, Јужна Кореја беше земја со најмногу заразени надвор од Кина. Сепак, преку масовно тестирање и барање контакти земјата успеа да го спречи ширењето на вирусот, кој се шири многу побрзо во другите земји. 

Треба да знаете
Последни објави