Search

Во Јужна Каролина се појавија портокалови алигатори

Два алигатора со портокалова боја на кожата предизвикаа забуни кај целата заедница на Јужна Каролина, пишува Си-ен-ен.

Многумина се обиделе да дознаат зошто алигаторите во езерцето кое се наоѓа бо градот Блафтон одеднаш добиле портокалова боја. Така некои сметаат дека алигаторите се обоени од страна на навивачи на американскиот фудбалски клуб „Клемсон Тајгерс“ или дека станува збор за некој чуден вид на албино алигатори.

View image on Twitter

„Ништо од горенаведеното“, рекол Дејвид Лукас од Одделот за природни ресурси во Јужна Каролина.

Тој смета дека овие бои настанале поради ‘рѓа во одводните цевки.

„Алигаторите во зима сакаат да пронајдат место за хибернација“, објаснил Лукас.

„Можно е некои од нив да завршат во близина на зарѓани цевки во текот на зимата, па потоа ‘рѓата да ги извалка“, објаснил тој.

Пред две години, во приближно ист период, дсе појави уште еден портокалов алигатор во мало езеро во Чарлстон. Во овој период од годината времето затоплува, па алигаторите се будат од состојбата на хибернација.

Треба да знаете
Последни објави