Search

Во Јапонија спиењето на работно место станува дел од работните обврски

Јапонските работодавачи одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните обврски на секој вработен.

Тоа не значи дека вработените ќе спијат на работното место туку ќе добијат соба за спиење.

Одлуката е донесена откако најновото истражување покажало дека поспаноста на вработените влијае врз нивната ефикасност, поради што јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари.

Поради тоа предлогот на работодавачите и јапонското Министерство за здравство е вработените да имаат барем 30 минути за спиење.

Предлогот е прифатен од јапонската ИТ компанија „Нексбит” (Nextbeat) која обезбеди две „стратешки спални соби”, кои се опремени со апарати за блокирање на бучава, кревети и софи, додека мобилните телефони, таблетите и лаптоповите се најстрого забранети.

Треба да знаете
Последни објави