Search

Во Штип предложени парични казни за четири лица

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Побараната парична казна е заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни случаи, се движеле со патнички моторни возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Македонија , а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот – COVID-19.​

Треба да знаете
Последни објави