Search

Во Штип попладнево ќе се изврши дератизација

Општина Штип попладне ќе изврши дератизација заради заштита на населението од заразни болести, кои би можеле да ги предизвикаат стаорците.

Софка Трајкова од Општина Штип денеска на прес-конференција рече дека превентивната дератизација ќе се спроведе на терен од страна на овластена фирма, која го има добиено тендерот.

–  Дератизацијата ќе се врши денеска во период од 18 до 23 часот, а со неа ќе бидат опфатени 160 канализациони шахти, информира Трајкова, додавајќи дека доколку временски услови не се поволни, дератизацијата ќе биде одложена за наредниот ден.

Општина Штип упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни бидејќи во текот на попладневните часови поради дератизацијата ќе се отвараат шахтите на улиците.

Треба да знаете
Последни објави