Search

Во Шпанија разбиена мрежа за трговија со луѓе

Шпанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе, при што уапси 11 лица осомничени дека организирале превоз на илегални мигранти преку Средоземното Море.

Полицијата соопшти дека уапсените организирале превоз на мигранти од Мароко до бреговите на Шпанија, со мали чамци што не се наменети за пловење по отворено море.

Според полицијата, за „превозот” мигрантите на криумчарите им плаќале по меѓу 3.500 и 6.500 евра. По пристигнувањето во Шпанија, мигрантите биле префрлани во т.н. сигурни куќи, каде биле присилно држени се додека не платат по уште 1.000 евра за нивно ослободување.

Пред ослободувањето криумчарите ги снабдувале мигрантите со облека, мобилни телефони и автобуски билети до некоја дестинација во Шпанија или друга европска држава.

По затворањето на италијанските пристаништа за прием на илегални мигранти од Африка во текот на минатото лето, Шпанија прерасна во главна влезна точка во Европа за мигрантите од африканскиот континент.

Треба да знаете
Последни објави