Search

Во Шпанија петти ден по ред од коронавирус умираат над 800 луѓе

Шпанските здравствени власти објавија нови податоци за бројот на заразени со коронавирус и смртните случаи во земјата.

Според шпанските медиуми, во последните 24 часа починале уште 864 лица.

Со најновите податоци, во Шпанија починале вкупно 9.053 лица, а бројката на инфицирани надминува 102.000.

Во последните 24 часа, регистрирани се 7.719 новозаразени.

Шпанските медиуми, исто така, известуваат дека ова е петти ден по ред во кој умираат повеќе од 800 луѓе во земјата.

Треба да знаете
Последни објави